Top Sport

Фудбалската репрезентација ги чека противниците во Лигата на нации

Ждрепката за премиерното издание на Лигата на нации на УЕФА, ќе се одржи денес во Лозана. Македонија е носител во Лига Д, за едно со селекциите на Азербејџан, Белорусија и Грузија.

Македонија за противник не може да добие ниту една селекција од првиот шешир, а од останатите потенцијални ривали се Ерменија, Летонија, Фарски острови и Ликсембург од вториот шешир, Казахстан, Молдавија, Лихтенштајн и Малта од третиот, односно Андора, Сан Марино, Гобралтар и Косово од четвртиот шешир.

Ждрепката во Лозана ќе започне во 12 часот.

А лига:
1. Германија, Португалија, Белгија, Шпанија
2. Франција. Англија, Швајцарија, Италија
3. Полска, Исланд, Хрватска, Холандија

Б лига:
1. Австрија, Велс, Русија, Словачка
2. Шведска, Украина, Ирска, БиХ
3. Северма Ирска, Данска, Чешка, Турција

Ц лига:
1. Унгарија, Романија, Шкотска, Словенија
2. Србија, Грција, Албанија, Норвешка
3. Црна Гора, Израел, Бугарија, Финска
4. Кипар, Естонија, Литванија

Scroll to Top