Фулам и Манчестер јунајтед се согласиле за договор за трансфер на Андреас Переира, тврдат бразилските медиуми, со што ќе се реши долгорочната иднина на Бразилецот, а „ѓаволите“ ќе добијат 11 милиони фунти, кои Ерик Тен Хаг ќе може да ги искористи во летниот преоден рок.
26-годишниот Переира, кој произлезе од академијата на „ѓаволите“, во моментов е на позајмица во бразилкиот Фламенго, каде што е еден од нивните најдобри играчи со 7 гола во 31 меча.
Според „УОЛ Еспорте“, Фулам биле најконкретни со понудата, која „тежи“ 10 милиони евра плус 3 милиони евра бонуси. Претходно се веруваше дека Тен Хаг ќе му даде нова шанса на Переира, фудбалер кој имаше 45 настапи од 2014 година, но тој ќе биде уште еден на долгта листа на фудбалери кои заминуваат од „Олд Трафорд“, покрај Пол Погба, Џеси Лингард, Немања Матиќ, Дин Хендерсон и Хуан Мата.