Top Sport

Фулам испаднаа од лигата па влегоа во победничка серија (Видео)

Четири натпревари се одиграа попладнево во рамките на 36 коло, во Премиер лигата на Англија.

Најинтересниот дуел се одигра во Саутемптон каде домашниот тим ремизираше 3:3 со Борнмут, Вулвс им се одмаздија на Вотфорд за елиминацијата во полу-финалето во ФА купот со победата 2:1, Кристал Палас и Евертон одиграа натпревар без голови, а Фулам кои веќе испаднаа од лигата им ја загорчија судбината на Кардиф.

Третата победа на последните пет натпревар на Фулам им ја донесе Рајан Бабел со голот во 79 минута.

Резултати:

Кристал Палас-Евертон 0:0
Вотофорд-Вулверхемптон 1:2
Саутемптон-Борнмут 3:3
Фулам-Кардиф 1:0

Scroll to Top