Top Sport

Фулам ќе се спасува од испаѓање со Рајан Бабел

Фулам потпишаа договор со Холанѓанецот Рајан Бабел од Бешикташ до крајот на сезоната, потврди премиерлигашот.

Бабел се враќа во англискиот фудбал, откако имаше 146 настапи за Ливерпул во три и пол години од 2007 до 2011 година. 32-годишниот Бабел е првото засилување на менаџерот Клаудио Раниери во обид 19-пласираниот клуб да опстане во лигата.

„Имам верба дека можеме да останеме во Премиер лигата и тоа е една од главните причини што сум тука, да помогнам тоа да се оствари. Подготвен сум за акција“, вели Бабел.

Бабел може да дебитира против Тотенхем веќе во недела.

Scroll to Top