Top Sport

Фулам најде замена за Митровиќ? Хименез доаѓа од Вулверхемптон за 5.5 милиони фунти

Мексиканскиот напаѓач на Вулверхемптон, Раул Хименез, е пред трансфер во Фулам за 5.5 милиони фунти плус бонуси, тврдат британските медиуми, трансфер со кој клубот од „Крејвен котиџ“ ќе најде замена за Александар Митровиќ, кој штрајкува во обид да го пуштат да направи трансфер во Саудиска Арабија.

Хименез веќе го напуштил тренинг-кампот на Вулфс во Португалија за во понеделник да оди на медицински тестови во Лондон, и ќе замине од клубот по пет сезони во Вулверхемптон, за кои одигра 166 меча и постигна 57 гола.

Минатата сезона не беше најдобра за Хименез, со само три гола, сите во Карабао купот и со само 20 настапи.

Scroll to Top