Top Sport

Фулам пред потпис со Џастин Клајверт

Рома и Фулам се пред договор за трансфер на Џастин Клајверт, кој би заминал во премиерлигашот како позајмен фудбалер со обврска за купување на крајот на сезоната за 12 милиони евра.

Преговорите меѓу двата клуба траат со недели, и беа пред прекинување по интересот на Олимпик Марсеј, Галатасарај и Торино, но сега според „Тутомеркато“, Фулам се согласиле на условите за продажба.

Рома го купи синот на легендата на холандскиот фудбал, Патрик Клајверт во 2018 од Ајакс за 17.25 милиони евра, но тој не успеа да го исполни својот потенцијал и беше праќан на позајмици во РБ Лајпциг и Ница.

Scroll to Top