Македонската футсал репрезентација загуби од Норвешка со 1:2 во решавачкиот натпревар за влез во главните квалификации за пласман на Европското првенство што ќе се одржи во 2022 година.
Вечерва во малата сала во СЦ “Јане Сандански”, нашата репрезентација со пресврт загуби од Норвешка.
Решавачкиот момент се случи на три минути пред крајот кога голманот на гостите постигна гол и тоа од гол на гол, откако ние игравме со играч повеќе во поле и баравме погодок за водство.
Македонската репрезентација поведе со голот на Иван Крстевски во 5. минута, а во првото полувреме два пати стативата ја спасуваше селекцијата на Норвешка.
Противникот израмни преку Педерсен на стартот на вториот дел, во продолжението притискавме, имавме неколку шанси, но голманот Ракваг беше извонреден на голот на Норвежаните.
На 13. февруари македонската футсал репрезентација ќе го дознае противникот за бараж мечот за пласман во главната квалификациска фаза за ЕП.
фото/ffm.mk