Габриел Барбоса, во светот на фудбалот познат како Габигол е прогласен за најлош играч во минатата сезона во Серија А. Интер, чии член е Габигол, со месеци се обидуваше да го донесе овој напаѓач, а птоа му успа во август 2016 година кога на Сантос му плати 30 милиони евра.
Бразилецот не пружи она што од него очекуваа во Интер, одигра само 111 минути во Серија и постигна еден гол. Поради тоа го доби трофејот „Златна канта“.
Поради лошата сезона која ја имаше Интер реши да го позајми во Бенфика, но и во Лисабон повеќе е на трибините отколку шти игра. Во досегашниот дел од сезоната има одиграно само 164 минути.