Top Sport

Габијадини херој, Саутемптон остана во лигата (Видео)

Саутемптон и наредната сезона ќе игра во Премиер лигата, откако во натпревар што требаше да се одигра во 31.коло, на гости го победи Свонси со 1:0.

Маноло Габијадини го постигна единствениот гол во 72.минута. Херојот на Саутемптон во игра влезе четири минути претходно.

„Светците“ со овој триумф стигнаа до 36 бода, три повеќе од Хадерсфилд и Свонси и со далеку подобра гол-разлика.

Свонси има шанси да остане во лигата, а за да се случи такво нешто, во последното коло ќе мора да го победи Стоук и во исто време Хадерсфилд за биде поразен од Арсенал.

Од наредната сезона во Премиер лигата нема да играат ВБА и Стоук, а нови членови се Вулверхемптон и Кардиф.

Scroll to Top