Top Sport

Габриел на медицински тестови кај Арсенал – „топчиите“ сега имаат осум централни дефанзивци!

Арсенал е на чекор од потписот на Габриел Магаљаеш од Лил, откако 22-годишниот бразилски дефанзивец денеска бил на медицински тестови кај „топчиите“ во Лондон.

Се верува дека Арсенал ќе платат околу 25 милиони фунти на францускиот клуб, и Габриел ќе биде второто засилување за тимот на Микел Артета по Вилијан од Челси. Манчестер јунајтед минатата недела имале контакт со Габриел, а беа заинтересирани и Наполи и Евертон, но сумата која ја понудиле „топчиите“ била најдобра.

Артета најавуваше дека главен приоритет ова лето ќе биде централен бек, а Габриел би требало да биде партнер со Вилијам Салиба кој се врати од позајмицата во Сент-Етјен. Интересно, заедно со Давид Луиз, Роб Холдинг, Сократис, Шкодран Мустафи, Калам Чејмберс и Пабло Мари на „Емирати“, Арсенал има неверојатни осум централни дефанзивци под договор.

Scroll to Top