Top Sport

Габриел Жесус и Стерлинг го вратија Манчестер сити на првото место (видео)

Манчестер сити се врати на првото место во англиската Премиер лига, барем до утрешното дерби меѓу Ливерпул и Евертон, откако во првиот меч од 17. коло со 3:1 ги победија Евертон благодарение на головите на Габриел Жесус и Рахим Стерлинг.

Резултатот беше отворен во 22. минута, кога Лирој Сане одлично го пронајде повратникот во тимот Габриел Жесус, кој без мака го совлада Џордан Пикфорд. Бразилецот повторно стрелаше на асистенција на Сане во 50. минута, пред Даниел Калверт-Луис да им даде надеж на „карамелите“ во 65. минута. Меѓутоа, Стерлинг само четири минути подоцна ја потврди победата на клубот на Пеп Гвардиола.

Сити сега има 44 поени на врвот на табелата, два повеќе од Ливерпул, додека Евертон се седми со 24 поени.

Фото: ЕПА

Scroll to Top