Top Sport

Габриел Жесус: Светското првенство ми остави голема лузна

Напаѓачот на Манчестер сити, Габриел Жесус признава дека се мачи со формата оваа сезона, и додава дека главната причина е лошиот настап на Светското првенство во Русија.

21-годишниот Жесус беше член на блескавиот тим на Бразил од кој се очекуваше да се бори за титулата, но настапот беше разочарувачки, а Жесус иако пет пати настапи, не постигна ниту еден гол и беше мета на критики во татковината, слично како неговиот колега од Сити, Фернандињо, кој вети дека нема да игра за Бразил поради навредите.

Лошата форма на Бразилецот се префрли во Премиер лигата, каде што има само три гола, а додаде и хет-трик против Шахтјор Доњецк во Лигата на шампионите.

„Елиминацијата во Русија беше болна за сите нас, но посебно за мене. Отидов на СП како клучен играч и не постигнав ниту еден гол и нормално тоа влијаеше на мене. Останав со лузни! Луѓето секогаш ќе се сеќаваат на Габриел кој не постигна гол на СП“, вели Габриел Жесус.

Тој не беше повикан од селекторот Тите по Светското првенство.

Фото: ЕПА

Scroll to Top