Top Sport

Гаќиновиќ го навредувал Крстајиќ, Коларов го бранел селекторот

Скандал, што можел да прерасне и во физичка пресметка се случил во вторникот, во полувремето на натпреварот помеѓу Србија и Литванија (4:1), пишува „Журнал“. Весникот тврди дека фудбалерот Мијат Гаќиновиќ неколку пати го навредил селекторот Младен Крстајиќ, кога тој му соопштил дека нема да се враќа на теренот во второто полувреме.

„Журнал“ пишува дека во налетот на лутина Гаќиновиќ ги фрлал копачките во соблекувалната, на што морал да реагира и капитенот Александар Коларов, кој не играше на овој натпревар.

„Кој си ти? Си освоил ли нешто во кариерата па да не смее никој да те замени?“, наводно му рекол Коларов на Гаќиновиќ.

Играчот на Ајтрахт Франкфурт, при резултат 0:0, во полувремето го замени Александар Пријовиќ, кој во победата 4:1 постигна гол и запиша една асистенција.

„Не бев таму, но слушнав што се случило. Само ќе кажам дека таквото однесување е неприфатливо. Сите сме на ист брод и пловиме кон истата цел, а тоа е пласман на Европското првенство. Секој има право да биде незадоволен, но интересот на репрезентацијата е над секој поединец. Помладите нека видат како се однесуваат искусните Коларов и Матиќ. Треба да им биде чест што се во ист тим со нив“, рекол директорот на репрезентацијата на Србија, Дарко Ковачевиќ.

Инаку, кај претходниот селектор Славољуб Муслин Гаќиновиќ беше стандарден во репрезентацијата, а кога на функцијата дојде Кристајиќ тој не го повика за Светското првенство во Русија. По Мундијалот, Крстајиќ повоторно го врати фудбалерот на ајнтрахт во националниот тим.

Србија го освои првото место во Групата 4 и се пласира во Б-дивизијата, а ќе има шанса и низ плеј-офот во конкуренција на Норвешка, Шкотска и Финска да избори пласман на ЕУРО 2020.

Scroll to Top