Top Sport

Гакпо: Ќе видиме дали овојпат ќе дојдат Манчестер јунајтед

Напаѓачот на ПСВ Ајндховен и на холандската репрезентација, Коди Гакпо, е еден од најимпресивните фудбалери на Светското првенство во Катар, и признава дека бил разочаран кога во текот на летниот преоден рок не се остварил трансферот во Манчестер јунајтед и додава дека не знае дали повторно ќе биде поврзуван со „ѓаволите“.

Шпекулациите во Англија велат дека Ерик Тен Хаг повторно ќе тргне по својот сонародник, сега како директна замена за Кристијано Роналдо во тимот, но во клубот се двоумат бидејќи досегашната проценета цена од 50 милиони евра кои ги бараа од ПСВ за 23-годишниот напаѓач може да порасне во зимскиот преоден рок.

„Уште не сум слушнал од Манчестер јунајтед. Ако дојдат, ќе размислам за тоа со помош на Бога. Размислував за Манчестер јунајтед минатото лето, но кога тоа не се оствари, не знаев што да направам. Потоа дојдоа од Лидс, но имав сомнежи за таков трансфер. Сега, ќе почекаме и ќе видиме“, изјавил Гакпо за холандскиот „НРЦ“.

Scroll to Top