Top Sport

Галата и Фенер остануваат опција за Ѕаниоло, Рома подготвена да го „казни“

Николо Ѕаниоло ќе остане „непожелен“ во Рома и покрај понудите од турските фудбалски гиганти Галатасарај и Фенербахче, тврдат италијанските медиуми.

Ѕаниоло се обиде да ја примора Рома на трансфер во јануарскиот преоден рок во Милан или Тотенхем, но двата клуба го сакаа само на позајмица со опција за купување. Бидејќи договорот на италијанскиот репрезентативец трае до јуни 2024, Рома е подготвена само за постојан трансфер. Ваква понуда дојде од Борнмут, но Ѕаниоло ја одби.

Додека во поголемиот дел од европскиот фудбал, преодниот рок е завршен, во Турција уште е отворен и според „Скај спорт Италија“, Фенербахче и Галатасарај се заинтересирани за Ѕаниоло. Но, и тие би сакале да го добијат на позајмица, а Рома се подготвени да го остават фудбалерот надвор од тимот шест месеци за да постават „пример“ во клубот.

Scroll to Top