Top Sport

Галата издржа за победа во дербито со Бешикташ

Иако сезоната 2021/22 може да се опише како катастрофална за двата турски гиганти, дербито Галатасарај-Бешикташ секогаш привлекува големо внимание. Така беше и вечерва во Истанбул, кога Галата ја сочува предноста и покрај фуриозните последни минути за 2:1 победа над Бешикташ.

Клучниот човек за победа беше Керем Актуркоглу, кој во десет минути во првото полувреме ја најави победата на Галата, постигнувајќи голови во 22. и 32. минута. Второто полувреме беше подобро за Бешикташ, што резултираше во намалување на 2:1 во 85. минута преку Ридван Јилмаз, но до крајот немаше израмнување.

Двете екипи се далеку од врвта во Турската Суперлига – Бешикташ сега се осми со 45 поени, неверојатни 25 зад лидерот Трабзонспор, додека Галатасарај се уште пониско на табелата – на 11. место со 38 освоени поени.

ТРЕТИОТ ГОЛ ТУКА

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top