Top Sport

Галата и по 20 години не успеа да победи на гости кај Фенер (видео)

Долгоочекуваното „интерконтинентално“ дерби во Турција меѓу тимовите на Фенербахче и Галатасарај заврши без голови, откако Фенер ја продолжи низата на 20 години без домашен пораз од своите големи ривали.

Пред 45 илјади навивачи на „Шукру Сарачоглу“, немаше многу возбуди на теренот, иако турските навивачи повторно покажаа дека се едни од најдобрите на светот.

Со ремито, Галата останува лидер во Суперлигата по 26 кола со 54 поени, четири повеќе од Бешикташ и Башакшехир, додека Фенербахче се на четвртото место со 48 поени, што значи дека не очекува една од најинтересните завршници во Турција последните десетина години.

Фото: ЕПА

Scroll to Top