Top Sport

Галата преку шампионот Трабзон, отвори предност од 9 поени на врвот на табелата

Галатасарај под водство на тренерот Окан Бурук игра одлично оваа сезона, докажувајќи го тоа при тешката 2:1 победа над актуелниот шампион Трабзонспор за да отвори предност од 9 поени на врвот на табелата во Турската Суперлига.

Работите не почнаа најдобро за Галата – Макси Гомез уште во првата минута ги донесе Трабзон во водство, но домаќините дојдоа до израмнување преку белгискиот ветеран Дрис Мертенс по асистенција на Мауро Икарди. Токму поранешниот играч на Интер и Пари Сен-Жермен го постигна победничкиот гол од белата точка во 53. минута. Македонскиот репрезентативец Енис Барди доби шанса да влезе за Трабзон во последните 10-тина минути од мечот.

Галатасарај имаат 54 поени на врвот на табелата, 9 пред Фенербахче (кои имаат меч помалку), додека Трабзон се само шести со 38 освоени поени.

Scroll to Top