Top Sport

Галатасарај постигнал договор со Фелаини

Турските медиуми објавија дека фудбалскиот клуб Галатасарј во летниот преоден рок ќе се засили со ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини.

Белгискиот репрезентативец има да одработи уште неколку месеци од договорот со Манчестер Јунајтед по што веројатно ќе го напушти „Олд Трафорд“, иако менаџерот на тимот Жозе Мурињо неколку пати ги демантираше таквите наводи.

Сепак, турските медиуми објавуваат дека легендарниот Фатих Терим кој повторно е тренер на Галатасарј го убедил Фелаини да се пресели во Истанбул.

Според шпекулациите Фелаини со Галатасарј ќе потпише договор на четири години со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона.

Scroll to Top