Турскиот гигант Галатасарај склопи договор со англискиот шампион Манчестер сити, со кој фудбалерите кои не можат да најдат место во првиот тим на Пеп Гвардиола ќе добијат шанса да бидат позајмени во Турција.
УЕФА му наметна ограничувања на трансфери на тимот на Галатасарај поради прекршување на финансискиот фер-плеј (ФФП), и претседателот на турскиот клуб, Мустафа Џенгиз вели дека добил позитивен одговор од управата на Сити по посетата на Англија.
Се верува дека со овој договор, Галата ќе добива фудбалери на позјамица бесплатно, а во исто време Сити ќе профитира со тоа што дел од нивните фудбалери ќе можат постојано да играат.
?️ “Galatasaray City!”
Galatasaray president Mustafa Cengiz returned from England with good news, having received a positive response from Manchester City about a partnership that will include loans for players without a spot in Pep Guardiola’s first-team squad. [Hurriyet] pic.twitter.com/ahmQaEIs1X
— City Watch (@City_Watch) December 14, 2018