Top Sport

Галеоне: Јувентус го предадоа Алегри, Сари не е подготвен за предизвикот

Џовани Галеоне, менторот на поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри, вели дека „бјанконерите“ го предале Макс, додека неговата замена Маурицио Сари „не е подготвен за некои ситуации“ во таков клуб.

Алегри остана достоинствен по отказот од Јуве, и не влезе во напад на управата, а веднаш отиде на ручек со поранешниот тренер на Пескара, Галеоне и со новиот тренер на Милан, Марко Џампаоло, бидејќи двајцата тренери го сметаат ветеранот Галеоне како втор татко.

„Алегри беше навистина вознемирен и се чувствуваше предаден од Јувентус. Посебно од претседателот Андреа Ањели. Уште не се помирил со тоа, иако јас повеќе години му советував да замине од Јуве. Имам проблем со Јуве од 1958 година. Тие се арогантни и се однесуваат како да се газди на сè“, вели Галеоне за весникот „Ил фато квотидијано“.

Неочекувана замена за Алегри се најде во поранешниот тренер на Наполи и Челси, Маурицио Сари, но Галеоне не е сигурен дека тоа е вистинскиот избор.

„Тој е малку хаотичен и неподготвен за некои ситуации. Кога ќе ги прочитам неговите изјави последните неколку години се гледа дека тој е опортунист. Желбата секогаш да се прикаже како политички левичар се непотребни. На пример, Џампаоло е вистински левичар од старата школа, но нема проблем да зборува и со Силвио Берлускони“, вели Галеоне.

Scroll to Top