Top Sport

Галијани: Берлускони ми даде јасна цел, Серија А за една година

Извршниот директор на новиот италијански второлигаш Монца, Адријано Галијани вели дека веќе почнале подготовките за обидот веќе следната сезона да се влезе во Серија А, бидејќи „тоа е целта на претседателот Силвио Берлускони“.

Галијани признава дека нема да биде лесно да се состави тим кој ќе избори место во елитата, но вети дека ќе оди пешки четири и пол часа од стадионот „Бриантео“ до „Сан Сиро“ ако се оствари тоа.

„Ќе се обидеме да ја ’пораснеме’ Монца бргу. Берлускони веќе го објави тоа, следната сезона ќе се обидеме да влеземе во Серија А.  Пред да почне оваа сезона, Берлускони им кажа на фудбалерите: ’Тие што веруваат ќе ги надминат сите пречки и ќе победат. Јас бидејќи сум роден во Монца и сум голем фан на овој тим, подготвен сум за било какво обложување ако влеземе. Ако влеземе во прва лига, ќе пешачам од ’Бриантео’ до ’Сан Сиро’“, вели Галијани.

Тој не сакаше да дава многу коментари за Милан, кој како да се наоѓа во постојана криза по заминувањето на Берлускони.

„Историски, секогаш имало врски меѓу Монца и Милан, но кога ќе заминам, не треба да зборувам за нив. Голем навивач сум на Милан и ги гледам сите натпревари, но нема да зборувам“, додава Галијани.

Scroll to Top