Top Sport

Галтие: Нејмар никогаш не бил подобар

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Кристоф Галтие вели дека Нејмар се наоѓа во фантастична форма оваа сезона бидејќи напроно работел да биде подготвен и очекува Бразилецот да биде негова прва ѕвезда ова сезона.

„Нејмар игра навистин добро и е физички подготвен. Пристигна на почетокот на претсезоната, го скрати годишниот одмор и е физички и ментално подготен. Работи напорно и остана фокусиран. Постојано е достапен на тренинг, не се повредува. Знаете, во фудбалот нема големи тајни. Ако си физички подготвен, можеш да играш на вака високо ниво“, вели Галтие.

Бразилецот постојано беше критикуван во француската јавност откако ПСЖ платија рекордни 222 милиони евра на Барселона во 2017 година, но оваа сезона критиките не го стигнуваат – тој има 12 гола и 9 асистенции во првите 16 меча од сезоната.

Scroll to Top