Top Sport

Гарначо се согласил на петгодишен договор со Јунајтед

Алехандро Гарначо, и покрај шпекулациите дека ќе замине од Манчестер јунајтед во Реал Мадрид, се согласил на нов петгодишен договор со „ѓаволите“, тврди „ЕСПН“.

Договорот на младиот Аргентинец завршуваше следното лето, но сега тој останува на „Олд Трафорд“ до 2028. Клубот и 18-годишниот Аргентинец имаат уште некои детали да договорат, како правата на неговиот лик, но јасно е дека Ерик Тен Хаг му верува доволно за да биде клучен играч на тимот во иднина.

Гарначо, кој ќе добие и големо зголемување на платата, има 25 настапи за клубот оваа сезона.

Scroll to Top