Алехандро Папу Гомез ги брои последните денови во Аталанта. Легендата на клубот, во летниот преоден рок, поради љубовта што ја чувствува кон Аталанта и градот Бергамо, одби милионска понуда од Блискиот исток, неколку месеци подоцна стана „персона нон-грата“.
Тренерот на Атланта Џанпјеро Гасперини повеќе не сака да го има во тимот капитенот Гомез.
Љубовта помеѓу тренерот и капитенот пукна на натпреварот со Митјиланд. На полувремето од овој натпревар, Јосип Иличиќ, спречил физички да се пресметаат тренерот и капитенот.
Причината е помалку и бизарна, Гомез не сакал да ја смени позицијата во формацијата која ја поставил тренерот Гасперини.
Гомез, по тој натпревар играше против Ајакс, беше резерва на натпреварот со Јувентус, а нема да биде во протоколот за утрешниот натпревар со Рома.
Според „Тутомеркато“, тренерот Гасперини повеќе не сакал ниту да разговара со капитенот.
Дел од италијанските медиуми тврдат дека, во јануари, Гомез ќе замине на само 30 километри од Бергамо, односно дека ќе стане член на Милан.