Top Sport

Гасперини седнува во фотелјата на Пирло?

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини би можело да ги напушти редовите на клубот од Бергамо и да седне на кормилото на Јувентус.

Италијанските медиуми наведуваат дека „Старата дама“ е единствената екипа поради која 62-годишниот стручњак би ги напуштил „сино-црните“.

Гасперини играчката кариера ја започна во Јувентус, играше заедно со Паоло Роси. Сепак тој не успеа да се избори за место во првиот тим.

Информациите од „Чизмата“ се дека Гасперини би бил идеално решение за тренирање пред се на младите ѕвезди на Јуве како Киеза и Кулушевски.

Италијанецот во Аталанта е од 2016 година, а со тимот ниже само успеси.

Scroll to Top