Top Sport

Гатусо сака да биде менаџер на Глазгов Ренџерс

Џенаро Гатузо има желба да го наследи Стивен Џерад на кормилото на Глазгов Ренџерс. Џерард, пред два дена, го напушти клубот и се пресели во Астон Вила.

Гатузо, една сезона во кариерата, бил играч на Глазгов Ренџерс. Тој не ја крие наклоноста кон овој клуб, бидејќи неговата сопруга е Шкотланѓанка.

Рино е без работа откако го напушти Наполи. Наполитанците ги предводеше од декември 2019 до јуни оваа година. Минатото лето тој потпиша договор со Фиорентина, меѓутоа по само две недели го раскина договорот, поради несогласувањата околу клупската трансфер-политика.

Според италијанските медиуми за Гатузо бил заинтересиран Спартак од Москва.

Scroll to Top