Top Sport

Гатузо: Ако сум расист, зошто го купив Бакајоко?

Џенаро Гатузо повторно мораше да се правда за своите минати контроверзни коментари, откако и навивачите на Валенсија се спротиставија на неговото поставување како тренер на шпанскиот клуб.

44-годишниот Гатузо беше блиску до тренерската позиција во Тотенхем мината година, пред навивачите на клубот да ги „ископаат“ неговите изјави додека беше фудбалер на Милан, по што клубот се реши за Нуно Еспирито Санто. Сега, тој во интервју за „Ла газета дело спорт“ ги демантира наводите дека е сексист и расист.

„Мојата историја сама зборува. Дали сум расист? Хомофоб? Ксенфоб? Сексист? Дали сум луд? Време е да се смири топката. Да почнам да објаснува. Мојата изјава за жените и фудбалот, која беше дадена во време кога Барбара Берлускони почнуваше со фудбалот, требаше да биде одбрана на работата на Адријано Галијани, и тоа беше отфрлено. Дали сум расист? Зошто би го донел Бакајоко во Наполи? Зошто без проблем би имал колеги и пријатели меѓу црните фудбалери? Ја изградив мојата кариера со напорна работа и посветеност и нема да дозволам со вакви обвинувања да ми ја уништат“, вели Гатузо.

Scroll to Top