Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо вели дека италијанските клубови полека во враќаат угледот во европските натпреварувања, но дека англиските клубови победуваат со 10:0 кога се работи за организацијата и бизнисот.
„Росонерите“ ќе се судрат со Арсенал во Лигата на Европа утре, и поранешниот играч од средниот ред беше запрашан за споредба меѓу Серија А и Премиер лигата.
„Италијанските тимови се враќаат во Европа. Но, денеска споредбата меѓу бизнисот во англискиот и италијанскиот фудбал е 10:0. Тоа што ние го правевме пред 10 години, тие го прават сега. Има многу поголеми имиња во Англија отколку во Италија, но на ваков начин ние дозволуваме младите играчи да раснат во лигата и тоа ми се допаѓа“, вели Гатузо.
На прес-конференцијата беше и Џакомо Бонавентура, кој доби прашање дали би сакал да игра во Премиер лигата. Гатузо не дозволи тој да одговори!
„Оставете го! Џек не одговарај. Добро му е во Милан, постигнува голови. Зошто би одел во Премиер лигата да го клоцаат“, додаде Гатузо.
Фото: ЕПА