Top Sport

Гатузо: Белоти најдобриот напаѓач по Шевченко

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо вели дека играчот на Торино, Андреа Белоти е најдобриот стрелец кој тој го видел по Андриј Шевченко.

„Росонерите“ играат со Торино во среда навечер и Гатузо не можеше да го скрие воодушевувањето од „деветката“ на „Граната“.

„Секогаш сум велел дека тој најмногу ме изненадува по Шева. Имаше лош период, но кога е фит, тој е комплетен напаѓач. Секогаш сум го почитувал, но во последните сезони е посебно добар. Покрај тоа, се работи за добро момче, нешто што секогаш ми било важно. Нема да биде лесно со Торино“, вели Гатузо.

Фото: ЕПА

 

Scroll to Top