Top Sport

Гатузо до Донарума: Ќе те уништам детиште едно

Џенаро Гатузо пред две недели го наследи Винченцо Монтела на тренерската функција во Милан, а викендов успеа да го забележи првиот триумф. Милан славеше над Болоња со двата гола на Бонавентура (2:1).

Темпераментниот Рино кога го преземаше првиот тим на прес-конференцијата вети „крв, пот и солзи“, а со неговиот експлозивен карактер во текот на натпреварот со Болоња се запозна и младиот голман Џиџи Донарума.

Гатузо не можеше да си дозволи уште еден меч без победа, поради тоа многу емотивно реагираше во моментите кога резултатот беше 1:1. Откако забележал дека 18-годишниот голман недоволно брзо вратил една топка во игра, почнал да вреска по Донарума.

„Доколку не правиш она што јас ќе ти го кажам, ќе те уништам детиште едно“, врескал Гатузо.

Мечот со Болоња, сепак, имаше среќен крај за Гатузо и неговиот тим.

Рајола го тужи Милан поради договорот на Донарума

Scroll to Top