Џенаро Гатузо е подготвен да живее и без Гонзало Игуаин по несреќни шест месеци на „Сан Сиро“ и наместо тоа енергијата сака да ја фокусира на новото засилуваше Кшиштоф Пјатек.
Игуаин, уште во сопственост на Јувентус, си замина на нова позајмица во Челси, откако постигна шест гола во 15 настапи во Серија А, а во дел од периодот од шест месеци се мачеше и со физичката подготвеност.
Милан наместо него го донесоа Пјатек од Џенова за околу 35 милиони евра.
„Пјатек е како ’Робокап’. Кажува само четири зборови, не се губи во атмосферата и добро е прифатен од тимот. Не сакам да зборувам за Игуаин. Тој го направи својот избор и сега е во минатото. Имаме нов фудбалер кој е посветен и кој е гладен за голот“, вели Гатузо пред мечот со Наполи овој викенд.
Во сабота, Милан ќе се судри со Карло Анчелоти, човекот со кој помина осум години како фудбалер на Милан, освојувајќи две титули од ЛШ.
„Како би можел да го копирам Карло Анчелоти? Тој е тренер 20 години и не сум чул фудбалер кој се жалел од него. Тој ми е како татко и му должам многу“, додава Гатузо.