Top Sport

Гатузо: Ќе ни требаат кациги против Аталанта

На фудбалерите на Милан ќе им бидат „потребни кациги“ против Аталанта во сабота, вели тренерот Џенаро Гатузо.

Аталанта имаат низа од шест меча без пораз во Серија А и се во групата од три тима кои се на еден поен од четвртопласираниот Милан, со што ломбардиското дерби во Бергамо може да биде клучно за место кое води во Лигата на шампионите. Гатузо признава дека стравува од физичката сила на следните противници на „росонерите“ и бара неговите фудбалери да го кренат нивото.

„Ќе мораме да носиме кациги. Играме против врвен италијански тим, кој е физички импресивен, но и квалитетен во техниката. Тие играат уникатен фудбал и мечот ќе биде многу тежок за нас и мораме да бидеме подготвени за борба. Почит за противникот, играње со ум. Тие ве притискаат по целиот терен и мораме да сме на врвот и во нападот и во одбраната“, вели Гатузо.

Милан ја завршија 2018 со низа од само две победи во осум меча, но оваа година се непоразени со 2 победи и 2 ремија, и Гатузо вели дека овој меч ќе ги дефинира целите на тимот.

„Потребни ни се вакви мечеви кои ни нудат искуство. Ќе биде важно за растот на овој тим. Со победа покажуваме јасен сигнал и добиваме на ментална сила“, изјави Гатузо, за кого италијанските шпекулации велат дека останува на клупата само доколку го обезбеди тоа четврто место и пласман во ЛШ.

Scroll to Top