Хакин Мастур пред пет години пристигна во Милан како еден од најголемите таленти во Европа. Мастур од Реџана пристигна во академијата на милан. Многумина беа убедени дека во Милан доби играч врз кого клубот ќе ја гради својата иднина.
Мастур сега има 19 години, тој планетарно стана познат кога своите своите вештини со топката ги „закачи“ на Јутуб.
Меѓутоа иако е познат во светот, тој е далеку од она што му прогнозираа. По завршувањето на минатата сезона тој се соочи со отказ, но клубот реши да му пружи уште една шанса.
Мастур сега игра за јуниорскиот тим на Милан, а започна и да тренира со првиот тим. Тренерот Џенаро Гатузо на италијанските новинари им рекол дека играчот напредува и у порачал да престане да се однесува како ѕвезда.
„Во последно време многу разговараме. Му кажав дека стана ѕвезда поради клиповите на Јутуб. Му кажав повеќе да не го прави тоа бидејќу во спротивно ќе му ги скршам забите. сега ќе игра Примавера, па ќе видиме како ќе напредува“ , рекол Гатузо и дополнил.
„Неговиот воз замина, но тој нема 50 години, така што се уште има шанса да се докаже. Нареднот месец ќе наполни 20 години и верувам дека е свесен какви грешки направи во кариерата. Потребно е да игра констатнтно, забележливо е дека нема напреварувачки карактер. Сепак се гледа дека напредува“.