Џенаро Гатузо нормално не беше најсреќен откако неговите Милан „прокоцкаа“ 2:0 водство за да загубат со 3:2 на гостувањето кај Наполи.
„Најмногу жалам што по голот за 2:1, едноставно исчезнавме од натпреварот. Сите почнаа да бараат своја интерпретација, и на крајот загубивме. Мораме да го подобриме тој дел од нашата игра, бидејќи реакцијата беше разочарувачка. Ја преземам целата одговорност, бидејќи ако тимот се плаши, тогаш тоа е грешка на тренерот. Се исклучивме по првата грешка, а тоа ни се случуваше многу пати и минатата сезона“, признава Гатузо.
Гонзало Игуаин дебитираше за „росонерите“ во натпреварувачки меч, но не покажа многу на својот стар стадион.
„До 55. минута тој беше вклучен во натпреварот и вториот гол го постигнавме со негова помош. Потоа, и тој падна во интензитет како остатокот од тимот. Но, ова е почеток и верувам дека ќе ни помогне оваа сезона“, вели Гатузо.