Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо вели дека му кажал на Хашим Мастур дека ќе му ги скрши забите ако тој продолжи да прави видеа на кои ги покажува своите вештини кои ги поставува на Јутјуб.
Шефот на „Сан Сиро“ добро го познава Мастур, откако работеше со него во Примавера, младинскиот клуб на Милан, и сега вели дека ако не почне да се фокусира на фудбалот, а поставува видеа на Јутјуб ќе остане без заби.
„Разговаравме често во последно време. Дури му се заканив дека стана повеќе познат по своите видеа отколку по фудбалот, така што ако продолжи така ќе му ги скршам забите. Последните месеци тој ги подобри своите квалитети на тренинзите и решив да му дадам да игра во Примавера. Возот засега помина, но тој нема 50 години туку само 19, така што сам ќе ги реши своите грешки. Кога ќе почне да игра попостојано, тогаш ќе добие и на острина. Ќе видиме што ќе се случи“, вели Гатузо.
Погледнете дел од талентот на фудбалерот кој треба да биде новата ѕвезда на Милан.