Top Sport

Гатузо: Наполи не се мртов тим

Џенаро Гатузо инсистира дека Наполи „не се мртви“ и дека има огромна желба вториот дел од сезоната 2019/20 да помине многу подобро од првиот пред саботниот меч со Лацио.

По поразот од Интер дома, Наполи пак гостува против силен тим, Лацио, кои имаат низа од 12 меча без пораз во Серија А.

„Да видов мртов тим, ќе излезев тука и ќе ви кажев. Но, гледам голема желба која треба да ја искористиме да се искачиме на табелата. Овој клуб не смее да си дозволи ваква позиција, бидејќи имаме големи вредности, големи фудбалери и голема желба. Мораме да играме како тим и да имаме континуитет. Играме против Лацио, на кои со месеци им оди добро и покрај тоа што стартуваа лошо. Сега се повторно на нозе и треба да го направиме и ние истото“, вели Гатузо.

Scroll to Top