Џенаро Гатузо имаше бурен почеток на тренерската работа во Милан со драматични порази, примање голови во последните минути, бунт на навивачите против Џиџио Донарума… Но, популарниот „Рино“ не се откажува така лесно.
Гатузо вели дека способноста со топка на неговите играчи е „импресивна“, но главниот проблем е што играчите не играат како тим. Пред зимската пауза, тој даде генерална оценка на составот.
„Бев изненаден од менталитетот, од желбата за работа која ја покажаа за работа. Мотивација не недостасува, така што тоа мораме да го поддржуваме. Имам верба во тимот бидејќи има прецизни правила, и нема место за изговори. На топка се многу способни, само проблемот е што не играат како тим. Кога ќе погледнам како некои други тимови се борат за својот тим, жал ми е што тој дух го нема кај нас“, вели Гатузо.
? Gattuso: “I enjoyed it more as a player” ?
? Here is the boss’ interview to @MilanTV on the eve of his 4⃣0⃣ th birthday
? Gattuso: “Era meglio la vita da calciatore” ?
Guarda l’intervista di Rino a Milan TV alla vigilia dei suoi 4⃣0⃣ anni
?: https://t.co/wQGajYHZmm pic.twitter.com/prHLbX5YlQ— AC Milan (@acmilan) January 8, 2018