Top Sport

Гатузо не е задоволен: Магионичари со топка, но не знаат да играат како тим

Џенаро Гатузо имаше бурен почеток на тренерската работа во Милан со драматични порази, примање голови во последните  минути, бунт на навивачите против Џиџио Донарума… Но, популарниот „Рино“ не се откажува така лесно.

Гатузо вели дека способноста со топка на неговите играчи е „импресивна“, но главниот проблем е што играчите не играат како тим. Пред зимската пауза, тој даде генерална оценка на составот.

„Бев изненаден од менталитетот, од желбата за работа која ја покажаа за работа. Мотивација не недостасува, така што тоа мораме да го поддржуваме. Имам верба во тимот бидејќи има прецизни правила, и нема место за изговори. На топка се многу способни, само проблемот е што не играат како тим. Кога ќе погледнам како некои други тимови се борат за својот тим, жал ми е што тој дух го нема кај нас“, вели Гатузо.

Scroll to Top