Top Sport

Гатузо: Не сум магионичар!

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо ги предупреди навивачите на „росонерите“ дека „не е магионичар“ пред дуелот со Фиорентина на Стефано Пиоли.

Милан го совлада градскиот ривал Интер со 1:0 по продолженијата во Копа Италија, но има порази во последните два лигашки мечеви (од Верона 3:0 и од Аталанта 2:0), и утре гостува на „Артемио Франки“ со многу надежи.

„Не сум магионичар! Мечот со Интер беше тежок, и сега одиме на следен меч. Мораме да работиме напорно и да го покажаме односот кој го видовме против Интер. Првиот дел од сезоната мораме да го завршиме подобро. Фиорентина? Тоа е организиран тим, кој игра со 3-5-2 и имаат одличен тренер. Не примаат многу голови, ја контролираат играта и нема да биде лесно“, вели Гатузо.

Неговиот претходник на клупата на Милан, Винченцо Монтела вчера потпиша договор со шпанска Севилја и Гатузо би сакал да се сретне во европските натпреварувања со него.

„Веднаш потпишувам таква опција. Му посакувам многу среќа. Имав одлични односи со него последните месеци и секогаш многу сум го почитувал како човек и како тренер“, вели Гатузо.

Scroll to Top