Top Sport

Гатузо под истрага на италијанските власти

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, се наоѓа под истрага на италијанските власти поради „перење на пари“.

Гатузо, бил сопственик на 35 отсто од една фарма на свињи која банкротирала во 2014 година.

Меѓутоа, италијанските власти откриле дека во претпријатието биле вршени нелегални работи, односно дека била „испрана“ голема количина на пари.

Тренерот на Милен е еден од осомничените, а под истрага се најдоа вкупно 42 лица. Осум лица се уапсени, а седум се во домашен притвор.

Против останатите се уште се води истрагата и наскоро ќе се знае дали ќе биде покренато обвинение против Гатузо.

Scroll to Top