Италијанските медиуми јавуваат дека Џенаро Гатузо е подготвен да си замине од тренерската позиција во Фиорентина само неколку недели откако ја презеде оваа функција од Бепе Јакини.
Според „Калчомеркато“ во клубот од Фиренца има големи тензии меѓу Гатузо, претседателот Роко Комисо и менаџерот на клубот Џанкарло Антоњони. Гатузо наводно се двоумел пред да ја прифати понудата, но го убедиле кога му ветиле дека клубот ќе биде значително засилен во летниот преоден рок.
Меѓутоа, досега преговорите за неговите посакувани фудбалери, Нико Гонзалез и Сержио Оливеира не се комплетирани, а ситуацијата се компликува со тоа што двајцата како менаџер го имаат Жорге Мендеш, кој е агент и на Гатузо.