Top Sport

Гатузо пред договор со Валенсија

Шпанските медиуми тврдат дека Џенаро Гатузо е подготвен да ја продолжи својата тренерска кариера со Валенсија откако бил забележан во Сингапур на преговори со газдата на клубот Питер Лим, заедно со својот агент Жорге Мендеш.

Валенсија ќе се раздели со тренерот Хозе Бордалас, со кој не успеаја да се квалификуваат во европските натпреварувања, завршувајќи на деветтото место во Ла лига, а покрај тоа загубија и во финалето на Копа дел реј од Реал Бетис.

44-годишниот Гатузо беше тренер на Милан од 2017 до 2019 година, по што замина во Наполи во 2019 година каде што беше отпуштен во 2021. Минатата сезона тој се имаше договорено со Фиорентина, но си замина по само две недели поради тоа што бараше одредени засилувања од тимот, во прв план фудбалери кои се под договор со неговиот агент Мендеш.

Scroll to Top