Џенаро Гатузо вчера бее именуван за нов тренер на Наполи, откако ден претходно отказ доби Карло Анчелоти.
Италијанските медиуми пишуваат дека пред да ја прифатил работата во Наполи, Гатузо одбил дури 18 понуди за работа.
Гатузо беше без работа од крајот на минатата сезона кога спогодбено се разделија со Милан.
За шест месеци тој ги одбил Валенсија, Џенова, Сампдорија…За него се интересирале и екипи од Русија, Грција и Кина.
Дебито на клупата на Наполи, Гатузо ќе го има викендов против Парма.