Џенаро Гатузо, конечно, потврди дека еднаш изел жив полжав за да му помогне да се намали „тензијата“ на една тренинг сесија на Милан.
Ова тврдење прво го напиша Андреа Пирло во својата автобиографија, во која стоеше дека Гатузо изел полжав еден ден пред осминафиналето од Лигата на шампионите на Милан против Манчестер јунајтед во 2010 година.
Пред финалето од Копа Италија против Јувентус вечерва, Гатузо, сега главен тренер на Милан, беше запрашан дали приказната е вистинита и 40-годишниот Италијанец одговори без двоумење.
„Сум направил и полоши работи од јадење на еден полжав. Поентата не е во полжавот. Го велам тоа бидејќи во тој момент беше потребно да се направи нешто да се разбие тензијата. Немам проблеми да направам такво нешто – игравме ЛШ против Манчестер јунајтед и притисокот беше огромен“, вели Гатузо.
Сепак, ова не помогна, бидејќи Манчестер јунајтед го доби тој двобој со 7:2.