Top Sport

Гатузо: Валенсија нема пари, а Барса купува нешто што не може да си приушти

Новиот тренер на Валенсија, Џенаро Гатузо признава дека неговиот клуб има финансиски проблеми, додека во истата шпанска Ла лига, Барселона купува играчи „кои не може да си ги приушти“.

Пред стартот на новата сезона италијанскиот тренер на прес-конференција на „Месталја“ зборуваше за разликите на шпанскиот и италијански фудбал, како и што ќе се случува во 2022/23.

„Ова е тешка лига, Реал, Барселона и Атлетико се пред сите други. Тие имаат една заедничка работа, играат со посед на топката. Тука во Шпанија, топката е приоритет, а физичката сила или трчањето. Разликата со Италија е голема, бидејќи таму на младинско ниво се обрнува повеќе внимание на физичката сила, а тука децата растат со топката како главна цел. Ние игравме 10-12 часови на улица како ддеца, сега децата не сакаат да играат повеќе од 7-8 часа неделно, вклучувајќи ги мечевите. Валенсија се голем клуб, но со финансиски проблеми. Тоа е секојдневие во многу клубови. Јас сакам да учам, кога бев млад отидов во Шкотска, а потоа работев и во Грција, Шпанија и Швајцарија. Ние се засиливме со Саму Кастилехо, Нико и Лино о Барселона. Го загубивме Гонсало Гуедеш и се надевам дека ќе најдеме замена. Во Шпанија има прецизна финансиска контрола, но Барселона утре почнува без регистрирани засилувања. Бескорисно е да купуваш некого ако не можеш да си го приуштиш“, вели Гатузо.

Scroll to Top