Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо најверојатно летоска ќе го напушти кормилото на клубот, пишува италијански „Скај спорт“.
Наводно, Гатузо е во кавга со претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис затоа што отворено го изразил незадоволството за тоа како се води клубот.
„Раскинувањето“ е неминовно во јуни, пишува „Скај“, посебно ако се има предвид карактерот на Де Лаурентис.
Наполи сезонава има просечни резултати, но во Неапол се незадоволни што клубот не е во чекор со водечкиот Милан на табелата во Серија А.
Згора на се, се појавија и шпекулации дека Рафаел Бенитез би можел да се врати на чело на клубот кој настапува на стадионот „Диего Марадона“ откако неодамна беше ослободен од обврските со кинески Далијан.
Во врска со преговорите за нов договор на Гатузо, темпераментниот италијански стратег рече дека до сега сите предлози на Де Лаурентис коректно ги одбил.