Џенаро Гатузо вели дека неговата работа како тренер на Милан го прави да се чувствува како „дел од семејството“, но признава дека работата е стресна и дека чувствува огромен притисок.
Гатузо исто така играше за „росонерите“, и во интервју за официјалниот веб-сајт на УЕФА јасно кажува што значи клубот за него.
„Поминав толку години тука како фудбалер, а сега сум во втората сезона како тренер откако почнав со младинскиот клуб. Тоа е како да си дел од едно семејство, а моето семејство потекнува од градот, така што секогаш сме навивале за Милан. Беше остварување на сонот да се игра тука и да се освојуваат титули. Има само еден проблем – кога излегував на теренот како фудбалер и денеска како тренер чувствувам голема тежина. Притисокот е огромен, но и нешто навистина посебно, бидејќи носи голема одговорност. Се чувствувам како претседател, како момче што собира топки, како фудбалер, како тренер, како било кој што работи за овој клуб кога сум таму“, вели Гатузо.