Top Sport

Гатузо во одбрана на Буфон: Јас правев и полоши работи

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо застана во одбрана на голманската легенда на Јувентус, Џанлуиџи Буфон по неговата бурна реакција по случувањата во финишот на четврт-финалето од ЛШ против Реал Мадрид.

Околу досудениот пенал и реакцијата на Буфон многу се напиша, а тој вчера во интервју за италијанската ТВ изјави дека не жали за реакцијата и покрај критиките од многу страни. Гатузо се согласува, велејќи дека правел и полоши работи.

„Јас сум последниот човек кој треба да го суди. Јас правев и полоши работи од Буфон. Се нафрлив тогаш на Џо Џордан, се качував на трибините да го фатам Леонардо. Џиџи ми беше колега и е голем шампион. Кога ќе биде подготвен ќе се извини. Ми беше жал за Јувентус, но бев горд за италијанскиот фудбал. Инаку, јас кога бев на теренот бев подготвен да се тепам со сопствениот татко ако тоа ќе значеше дека мојот тим ќе победи“, вели Гатузо.

Буфон: Повторно би го кажал истото, иако си ја нарушив репутацијата

Scroll to Top