Фудбалерите на Манчестер сити, вечерва гостуваат во Марсеј, во Лигата на шампионите. Менаџерот на тимот Пеп Гвардиола очекува тежок натпревар.
Гвардиола, не успева со Сити да направи забележителен резултат во Лигата на шампионите. Од почетокот на мандатот не успеа да ја оствари главната цел – да ја освои Лигата на шампиони. Поради тоа секогаш кога новинарите ќе му постават прашање на оваа тема тој е нервозен.
„Мислам дека на ова прашање су м одговирл 250 пати. Ќе се обидеме да ја освоиме титулата, секоја година се обидуваме. Беше важно сезоната да ја започнеме со победа на домашен терен. Победата дома е важна работа. Вториот меч го играме во Марсеј и тука сакаме да победиме. Го сонуваме трофејот, но сега е најважно да ја кинеме групата. Во Франција е секогаш тешко да се игра. Тоа е предизвик кој ќе ни овозможи да направиме чекор напред“, рекол Гвардиола.
Натпреварот во Марсеј ќе започне во 21 часот, а во истиот термин во оваа група Порто ќе го пречека Олимпијакос.